Велес ќе биде вклучен во меѓународен проект за културно наследство

Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција го одобри проектот на Француската асоцијација „Ситé е Ситé” со седиште во Бордо, во партнерство со  асоцијацијата на градови од С. Македонија со  архитектонско наследство со седиште во Велес. Покрај Велес во проектот ќе бидат вклучени: Скопје, Битола, Берово, Кратово, Крушево, Охрид, Штип и други  градови  посветени на заштита на културното наследство. Во реализацијата на проектот ќе бидат вклучени пет француски градови.

Градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес – конференција информира  дека со овој значаен проект  што ќе се реализира во партнерство на Република Франција со Република Северна Македонија и  Република Албанија планирана е размена на знаења и стандарди за урбанистичко планирање на старите јадра во градовите, пејсажната архитектура, валоризацијата и развојот на туризмот преку културното наследство.

Со цел оваа тематика да го најде своето вистинско место на планот на евроинтеграциите на локално ниво, веќе разговаравме и со Заедницата на единиците на локална самоуправа – ЗЕЛС за нивно вклучување во реализацијата на активностите и проектите, појасни  Коцевски.

Тој упати јавна благодарност до Марилиз Ортиз, директор на Француската асоцијација „Ситé е Ситé”,  Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција, до амбасадорот на Република Франција Крисијан Тимоние и нашата амбасадорка во Франција Јадранка Чаушевска за поддршката на овие значајни проектни активности.

Во проектот е вклучено и нашето Министерството за култура, македонските градови и универзитетите, а ќе се одвива во соработка со партнерите од Република Албанија: Институтот за културни споменици, Министерството за култура, Асоцијацијата на општини на Албанија и градовите Берат и Елбасан.

Треба да знаете
Последни објави