По тринеделна стагнација на бројот на заболени од Ковид-19 на подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје од Кочани, денеска е регистиран нов позитивен случај на коронавирусот.
Се работи за жител на селото Жиганци, општина Чешиново-Облешево, вработен во конфекцијата во Штип во која во изминатите два дена беа регистрирани новозаболени лица.
-Во текот на денот се тестираат и други лица кои се вработени во штипската компанија, а за кои се очекуваат резултатите. Според досегашното искуство, можно е бројот на новозаболени да се покачи, информираа од кочанскиот Центар за јавно здравје.
Досега во кочанскиот регион беа евидентирани вкупно 31 заболен од Ковид-19, а пред две дена успешно заврши лекувањето на последниот пациент кој беше позитивен на вирусот. Во почетокот на април почина 40-годишен маж како последица на болеста.