Германец пронајден мртов во стан во Центар

На 28.05.2020 во 16.42 часот во СВР Скопје, С.И. пријавила дека во стан на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје го пронашла починат Х.Н.(42) од СР.Германија.

Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави