Марковски: Ова е најскандалозната одлука донесена во историјата на мак-фудбал

Второлигашот од Автокоманда Скопје, како второпласирана екипа во Втората фудбалска лига – Запад остана без шанса да се бори за нов пласман во прволигашкото друштво преку бараж.  Управниот одбор на ФФМ ја верификува одлуката да се прекинат вторите лиги, а место во елитата да обезбедат само најдобрите.

Тренерот на Скопје, поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Љупчо Марковски – Калц е револтиран од ваквит расплет на прекинатата сезона поради коронавирусот и вели дека ова е најскандалозната одлука донесена во историјата на мак-фудбалот.

Јавно ги прашува лушето од ФФМ зошто не им е дозволено на второлигашите да играат бараж, а на третолигашите да играат.

 

Треба да знаете
Последни објави