Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 28 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈОРМ, обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, и во одделни кривично-правни настани, тие биле затекнати како се движат на различни локации за време на полицискиот час.
Јавното обвинителство на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за секој од обвинетите да изрече парична казна од по 100 дневни глоби со висина на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност, стои во соопштението.