Воените лекари ќе преземат епидемиолошки мерки без преседан за да го спречат ширењето на коронавирусот кај припадниците на воената парада по повод Денот на победата, што ќе се одржи на 24 јуни, изјави началник на руските копнени сили, генерал Олег Саљуков за весникот „Црвена звезда“, пренесува ТАСС.
„Ќе бидат преземени ефикасни мерки без преседан, а воените лекари ќе се погрижат сите епидемиолошки мерки да бидат спроведени за време на подготовките и за време на воената парада“, прецизираше генералот Саљуков.
Сите учесници на парадата ќе се подготват во Албин недалеку од Москва, каде што ќе живеат во одделни простории со цел да се спречи контакт и можно ширење на инфекцијата.
Претседателот Владимир Путин му нареди на рускиот министер за одбрана да ги отстрани сите здравствени ризици за учесниците во воената парада во чест на победата над нацистичка Германија.