Тупурковски: Изнајмил костум за погребот на Тито од театар

Васил Тупурковски за првпат облекол костум на погребот на Јосип Броз-Тито. Оваа приказна, познатиот политичар и професор му ја раскажа на Жаре во Еден на Еден, во епизодата што ќе ја гледаме во недела, од 18.30 на Канал 5.

„За првпат морав да облечам одело на погребот на Тито. Го изнајмив од театар од Белгад, тоа е костум од претставата „Господа Глембаеви“, рече Тупурковски.

Тој раскажа и за тоа зошто го добил прекарот Циле, за времето кога син му го носел на состаноците на Претседателството на Југославија чиј член беше, за рокенрол животот кој го водел додека студирал и во САД и бил на настап на Џими Хендрикс, и уште многу други приказни.

Тупурковски даде и свое кусо мислење за домашните и за регионалните политичари…
Преземено од crnobelo.com

 

Треба да знаете
Последни објави