Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа по предлог на Институтот за јавно здравје одлучи дека од 1 јуни ќе биде дозволен влезот на странци во Црна Гора, и тоа без карантин и самоизолација, доколку стапката на активни случаи на коронавирус е помала од 25 на 100.000 жители во државата од каде што доаѓа странецот.
Во овој момент, на листата која еднаш неделно ќе се ажурира и беше дополнета вчера се наоѓаат Словенија, Исланд, Хрватска, Словачка, Швајцарија, Албанија, Австрија, Норвешка, Монако, Косово, Германија, Грција, Унгарија, Данска, Литванија, Латвија, Азербејџан, Луксембург, БиХ, Бугарија, Израел, Македонија, Ирска, Чешка, Финска и Естонија.
Првично Македонија, БиХ и Србија не беа на списокот, а Србија не се наоѓа и на новата листа, по што премиерката Ана Брнабиќ повика да не се патува и да се бојкотира соседната земја.