Потпретедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски смета дека вонредната состојба треба да биде продолжена, бидејќи бројките во справувањето од пандемијата со короанвирусот се загрижувачки. Николовски смета дека е неопходно е да се прават поголем број на тестови.
Дали ќе има ново, четврто барање за продолжување на вонредна состојба треба да одлучи Владата, а последниот збор да го каже претседателот Стево Пендаровски, кој за утре го свика Советот за безбедност за да се разговара за состојбата околу коронавирусот.
За Николовски под секое ниво е да се обвинува министерот за внатрешни работи во техничката влада кој е претставник на нивната партија Наќе Чулев и народот за лошите мерки на власта. За избори во вакви услови, Николовски смета дека е несериозно да се зборува. Овие свои ставови потпретседателот на опозциската ВМРО ДПМНЕ, Николовски ги искажа во емисијата „360 степени“.
-Кога се руши планот за брзи избори, виновен е Чулев, виновен е народот. Во суштина виновен е Заев. Денеска гледаме еден организиран напад против народот што е недозволиво бегање од одговорност. Обидот да се префрли одговорноста врз ВМРО-ДПМНЕ е смешно- рече Николоски.