-Не чув дека има казни за масовните собири, нема контрола и затоа сме на ова дереџе, рече д-р Никола Пановски во емисијата „Само вистина“.
Осврнувајќи се на бројот на инфицирните од коронавирусот кој во последниве денови се зголемува, Пановски вели:
-Сарај има повеќе случаи од Дебар, но тамошните граѓани имаа поголема свест и сами бараа помош од науката. Карантинот требаше да се укине или да остане во секој град согласно бројот на заразени, а недостасуваше и строга полициска контрола.
Запрашан за изборите околу кои партиите секојдневно се прозиваат кога е најпогодно да се одржата, Пановски вели:
-Секој ден одиме во продавница, не гледам зошто би се заразиле на избори.