Продолжуваат протестите во Минеаполис по бруталната смрт на Флојд

Протести во Минеаполис синоќа завршија со повеќе ограбени и запалени објекти откако афроамериканецот Џорџ Флојд во неделата беше убиен од страна на бел полицаац, во очевиден расистички чин на полициска бруталност.

Групи на демонстранти во повеќе делови на градот синоќа координирано вандализираа разни објекти, како околу железничката станица на Петта авенија, превртуваа автомобили пред супермаркетот „Таргет”, а имаше и и пукање во јужниот дел на Минеаполис.

Полицијата во неколку случаи употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, но не употреби физичка сила и дозволи толпата да го изрази својот гнев.

Во повеќе случаи демонстрантите запалија и ограбија повеќе објекти и продавници. Првиот ден од протестот во средата беа запалени индустриски објекти, ресторани и станбени згради во изградба. Запалени се многу возила и третиот реон на градот, неколку блокови од полициската станица изгледа како воена зона.

 

Очигледно, гневот на илјадници граѓани нема да се смири и синоќа некои делови на градот ги опфати анархија. Главното барање е одговорност и апсење на полицајците, кои додека го приведуваа  невооружениот Флојд, еден од нив, Дерек Чавин, употреби несразмерна физичка сила.

Четворицата службеници кои беа на местото на настанот се отпуштени од работа.

Контактот со полицијата е снимен на неколку видео снимки и фотографии. Луѓето кои снимаат протестираат полицацеот да го тргне коленото од вратот на легнатиот Флојд, бидејќи овој може да се задуши.

Од снимката се гледа и слуша како Флојд, легнат на земја и со лисици на рацете, моли за помош и повторува дека не може да дише.

Демонстрантите  и многумина од набљудувачите во САД се прашуваат зошто полицаецот, кој го стори тоа се уште не е упасен.

Миинистерството за правда на САД порача дека истрагата за полициската одговорност во случајот е „главен приоритет”. Синоќа и претседателот Доналд Трамп повика безбедносните служби да го решат случајот. ФБИ спроведува истрага дали службенииците ги прекршиле федералните закони.

За случајот со полициската бруталност се јавија и од ОН. Мишел Башле, висока комесарка за човекови права ги повика американските власти да преземат „сериозни мерки” за да се стави крај на „убиствата” на Афроамериканци од страна на полицијата.

Случаите со полициска бруталност кон црномурестото население во САД зачестено се повторуваат со години. Бранот протести низ САД и движењето „Црните животи значат”, почна со случајот со застреланиот Мајкл Браун во Фергусон, Мисури во 2014 година, по што се случија повеќе масовни демонстрации.

-Се работи за последното од долга низа убиства на невооружени Афроамериканци од страна на американската полиција и од оние кои правдата ја земаат во свои раце, изјави Башле во соопштение за јавноста.

Случајот со Џорџ Лојд почна откако сопственик на продавница во Минеаполис повикал полиција бидејќи се сомневал дека Флојд се обидел да купи цигари со фалсификувана банкнота од 20 долари.

Сопственикот потоа изјави дека понудил да плати за погребот на Флојд.

Треба да знаете
Последни објави