Уапсен полицаецот кој со колено го притискаше на вратот при приведувањето Флојд по што тој почина во болница

Еден од четворицата полицајци кои добија отказ по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во американскиот град Минеаполис е уапсен денеска, објавија официјални лица.

Дерек Човин е снимен како со колено го притиска на вратот 46-годишниот Флојд при приведувањето, по што тој почина во болница. Смртта на Флојд доведе до насилни протести во Минеаполис во изминатите три ноќи, при што, меѓу другото, беше запалена полициската станица во која што работеа четворицата полицајци.

За да се поврати ред во градот, гувернерот на Минесота Тим Валц ја повика на помош Националната гарда.

Градоначалникот на Минеаполис Џејкоб Фреј претходно побара да бидат покренати криминални обвиненија против полицаецот кој му нанесе смртоносни повреди на Флојд.
Треба да знаете
Последни објави