Борусија Дортмунд вечерва го совлада Падерборн со 6:1 во натпревар од 29. коло на Германското фудбалско првенство.
Пола од головите за гостите, односно хет-трик отиде на сметката на Џејдон Санчо, а по еднаш погодија Торган Азар, Ашраф Хакими и Марсел Шмелцер. Стрелец за домаќините беше Уве Ханемајер.
По овој натпревар, Борусија со 60 бода го зазема второто место на табелата, зад лидерот Баерн кој има 67 бода по вчерашната убедлива победа над Фортуна.
Падерборн со 19 поени остана на последното 18. место.
На другиот денешен дуел, Борусија Менхенгладбах го победи Унион Берлин со 4:1.
Во тек е натпреварот меѓу Келн и Лајпциг.