ВМРО ДПМНЕ: Лудилото на Заев и Шекеринска ја втурнува државата во кланица и црни избори на кои наместо гласови ќе се бројат жртви

Шекеринска и СДСМ бараат избори на 5 јули во ситуација кога бројот на заболени и починати од корона вирусот се повеќе расте. Нечовечноста на СДСМ и Шекеринска нема граници и без никаков срам сакаат да го втурнат народот во црни избори во кои ќе се бројат жртви и заболени наместо гласови, се вели во реакција опозициската ВМРО ДМПНЕ на изјавата од Радмила Шекеринска.

На Шекеринска и Заев фотелјите им се поважни од животите на граѓаните и заедно со Спасовски, тие се директните виновници за зголемениот број на заразени и починати. Во ситуација кога дневно имаме по 50 заразени и неколку починати СДСМ ја лаже јавноста дека ситуацијата е под контрола и тоа било нормално.

Лудилото на Заев и Шекеринска ја втурнува државата во кланица и тие преку Спасовски и Филипче стануваат џелатите на сопствениот народ и губат контрола над работите.

Граѓаните и нивното здравје мора да биде приоритет број 1 во Македонија, а не зачувувањето на фотелјите на Заев и Шекеринска.

Огромните бројки на заразени и починати се последица на непреземањето мерки на СДСМ и неспособноста да ја стават болеста под контрола. Филипче и Комисијата за заразни болести наместо да работат во служба на граѓаните извршуваат нареди под диктат на Заев и глумат негови портпароли.

Со СДСМ државата оди кон здравствена катастрофа. Потребна е итна стратегија за излез од хаосот во кој не втурна СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија.

Треба да знаете
Последни објави