На интензивна нега денеска лежат 435 лица, а се опоравија вкупно 157.507 пациенти.
Во Италија во последните 24 часа од последиците на инфекција со коронавирус починаа 75 лица, што е помалку во однос на 111, колку што беа ден порано, соопшти Агенцијата на цивилна заштита.
Исто така, во изминатите 24 часа се регистрирани 355 заразени, што е намалување во однос на 416 колку што ги имаше вчера.
Од почетокот на епидемиајта, на 21. февруари, од ковид-19 починаа 33.415 луѓе, што е трет најлош биланс во светот, по САД и Велика Британија.
Вкупниот број на потврдени случаи на инфекција е 233.019. Италија според бројот на заразени лица е шеста во светот, после САД, Русија, Шпанија, Велика Британија и Бразил.
На интензивна нега денеска лежат 435 лица, а се опоравија вкупно 157.507 пациенти.