Во Охотското Море, кај Јужните Курилски острови регистриран е земјотрес со јачина од 5,7 степени.
– Земјотресот е регистриран на 238 километри југозападно од Јужните Курилски острови на длабочина од 92 километри, соопшти Сахалинскиот огранок на Геофизичкиот завод на Русија.
Во земјотресот нема повредени ниту материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за цунами.