Конечно тестирани роднините на покојниот од коронавирус, откако со денови одбиваа соработка

Семејството на покојникот – на кој посмртниот брис му бил позитивен на коронавирус, денеска е тестирано, соопшти преку Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

-Тие прифатиле да бидат тестирани и земени се брисеви од 14 луѓе. Во Центарот за јавно здравје се пријавиле неколку семејства кои присуствувале на погребот. Осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кај кого посмртно му бил дијагностициран Ковид-19, соопшти Филипче.

 

Треба да знаете
Последни објави