Најмладиот првак во тешка категорија многу придонесе во боксот како спорт, но неговиот пат кон врвот бил многу тежок.
Легендарниот боксер Мајк Тајсон раскажува дека бил силуван додека бил момче.
Тајсон во рингот беше страв и трепет, а траумата што ја поминал како мал, формирала дел од неговиот карактер.
Кога Мајк Тајсон признал дека како адолесцент бил силуван, новинарот кој го интервјуирал останал во шок.
„Бев момче. Тој беше постар човек. Ме тепаше и сексуално ме злоставуваше. Никогаш после тоа не го видов. Научив дека тоа не значи дека сум помалку маж“, рече Мајк.
Тој не сакал да зборува на оваа тема.
„Никогаш на никого не кажав. Не ми беше непријатно, туку тоа е нешто што се случи. Немаше некое големо влијание на мојот живот. Го пребродив за време на боксерските денови“, додаде тој.
Таткото го напуштил додека бил во основно училиште, оставајќи ја неговата мајка со три деца. Животот му се променил од корен кога имал 16 години и кога останал и без мајка, а набрзо потоа и без сестра.
„Никогаш не ја видов мајка ми среќна поради мене, поради тоа што го правев. Ме познаваше како диво дете кое трча по улиците и доаѓа дома со нова облека, за која знаеше дека ја немав купено. Никогаш немав прилика да зборувам со нејзе и да ја запознаам. Тоа ме скрши емотивно“, беше искрен Тајсон, кој веќе на 13 години бил уапсен дури 38 пати поради ситен криминал.