Во Аргентина протест против мерките за сузбивање на епидемијата

Стотици луѓе протестираа во Аргентина против строгите мерки за карантин, барајќи од властите да ги укинат ограничувањата воведени пред повеќе од два месеци поради епидемијата на коронавирусот.

Демонстрантите во Буенос Аирес и неколку други градови го обвинуваат претседателот Алберт Фернандез дека се однесува како диктатор и бараат економијата да се отвори, пренесува Би-Би-Си.

Мал број демонстранти носеа и транспаренти против теории на заговор во врска со вакцинацијата и 5Г мрежите.

Во Аргентина досега се потврдени 16.000 луѓе заразени со коронавирусот, а околу 500 починале.

Треба да знаете
Последни објави