Медиумска хајка и линч е процесот против мене, рече Боки Јовановски во завршните зборови.
-Целиот случај е монтиран од Орце Камчев. Требаше да ги прифати судот бомбите во кои Камчев, веројатно под дејство на опијати зборува за крв до колена и бара средба со Вице Заев. Кој е Вице Заев во ова општество за да каже “Боки да остане во притвор”?.
Кичеец беше таргетиран да го снима Мицкоски, да го снима Заев а по налог на Камчев. Ме снимаше и мене а тие снимки ги искористено од ОЈО. Зошто Кичеец е слободен граѓанин, а јас сум во притвор?
Ме видовте мене да земам пари, ме видовте да носам торба? Јас сум сведок дека таа торба му е вратена на Камчев, они стално нешто си даваа и разменуваа. Кај фотографијата која Рускоска ја покажа дека била снимена кај мене и покажува рачка од торба Луј Вутон која е наводно е круцијален доказ. Ова е фотографија од кипл торба Луј Витон, купен во 2017 година и истата торба која ја носам на аеродромот во Париз. Тоа е торбата и рачките кои се прикажани на фотографијата на Русковска, и нема врска со торбиштето кое Кичеец го носи во видеото, рече Боки.
Тој рече дека се разбира во предметите на СЈО колку што Ролинг стонс се разбира во музиката на Гоце Арнаудов.