Повеќе пожари избија во близина на Белата куќа, откако мирните протести се претворија во вандализам, резултирајќи со палење на згради и масовни кражби.
На само 300 метри од седиштето на американскиот претседател се наоѓа црквата „Сент Џон”, која била мета на подметнат пожар.
Снимките од местото на инцидентот покажуваат оган се шири низ храмот, чии ѕидови претходно биле испишани со графити.
Собирот се одржа во знак на протест поради убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд.
Црквата, која е стара два века, е меѓу најпознатите културни знаменитости во Вашингтон и била посетена од секој претседател на САД.