Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа во САД по смртта на брат му.
Тој вели дека Џорџ се залагал за мир, со тоа осудувајќи ги насилните протести.
„Понекогаш и јас побеснувам, се лутам. Но, брат ми не беше таков. Многу луѓе за него викаа дека е џин со нежно срце“, истакна во изјавата братот на жртвата.
Теренс бара полицаецот да биде обвинет за убиство од прв степен.
Рече дека планира да го посети Минеаполис, поточно местото каде што се случил инцидентот.
„Морав да дојдам овде и да им кажам на луѓето да го канализираат својот гнев на друго место“, изјави тој.