Врнежите што деновиве ја зафатија земјава предизвикаа извесни промени во хидролошкјата состојба. Некои реки бележат зголемувања на водостоите, а повеќето се во рамки на просекот што досега не беше случај.
Според УХМР, Бабуна кај Богомила покажува двојно покачување, а повисоко ниво за 40-на сантиметри бележи и Црн Дрим.
Сатеска и натаму останува со драстично намалено ниво, за нешто повеќе од шест пати во однос на просекот.
Кај езерата не се забележани поголеми промени.