Манчевски: За три години ги исполнивме нашите стратешки цели – НАТО и ЕУ и обезбедивме стабилна и развојна економија и повисоки плати во здравството

Имаме со што да се гордееме во однос на тоа што е направено во изминативе три години. Имаме евидентни резултати во сите сектори, членка сме на НАТО и имаме отворен пат за старт на преговорите со ЕУ. Стартешките цели се исполнети, но и во делот на економијата направени се големи резултати.  Наследивме економија со негативен раст на на БДП  од 1,6 проценти,  за пред корона кризата растот да биде 3,6 проценти, оцени потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски во денешното гостување во вестите на ТВ Канал 5.
Тој нагласи дека секогаш може повеќе и подобро, но факт е дека за само три години направен е огромен напредок, кој создаде добрa основa за предвидувањата на меѓународните финансиски институции дека по завршувањето на финансиската криза, предизвикана Ковид 19, Северна Македонија најдобро ќе се справи.
„ Нашите ветувања беа дека за четиригодишен мандат просечната плата ќе биде 30 илјади денари, ние за три години постигнавме покачување за повеќе од пет илјади денари. Доколку го имавме целиот мандат и доколку не не погодеше здравствената епидемја јас сум убеден дека ќе го достигневме нивото од 30 илјади денари. Клучно е и покачувањето на платите во здравствениот сектор, на специјалистите за 40 ппроценти, на  медицинските сестри за 25 проценти што овозможи здравствениот систем во ситуација добро да се справува со вирусот.  Ние немавме слики како во други држави да не може здравствениот  систем да се справи за здравствената криза”, нагласи потпретседателот Манчевски.

 

Треба да знаете
Последни објави