Поранешниот хрватски ракометен репрезентативец Игор Вори ќе биде новиот тренер на ППД Загреб во наредната сезона. Промоција на Вори на новата функција е закажана за утре. Вака одлучи раководството на најтрофејниот хрватски ракометен колектив.
Покрај Вори, кој нема тренерско искуство, но има богата играчка кариера, поради што се најде и во стручниот штаб на хрватскиот селектор Лино Червар, кандидати за жешкото столче кај хрватскиот првак ППД Загреб беа и поранешниот македонски селектор Ивица Обрван, Владо Шола и Ненад Кљајиќ.
Изборот падна на Вори, бидејќи Загреб сака да биде првиот клуб каде ќе ја почне својата самостална тренерска кариера.
ППД Загреб мораше да побара тренер набрина откако Веселин Вујовиќ неочекувано си поднесе оставка.