Професорката и пратеничка Фросина Ременски, на својот Фејсбук објави статус насловен како “Кираџиски приказни”, кој ќе излегува во наредните неколку дена, а посветен на поранешниот директор на УБК, Горан Николовски. Николовски е актуелен по неговото спомнување во аферата „Рекет“, на кого наводно Орце Камчев ја пријавил изнудата од Боки 13.
„Како што најавив, од денес во следните неколку дена ќе објавам една вистинита приказна, со вистински актери – случај кој „не успеа“ да стане дел од парламентарен надзор, а беше исто толку надежен и аргументиран како и приказната за „пензионерот“ и неговите привилегии „по сила на Мијалков“, супер лудото „правно“ образложение како „тази дупка не е дупка“ и сл. И додека, кај некој сеуште постои дилема „Зошто сум се распишувала?“, сакам да потсетам дека, СИТЕ ПИШУВАЊА (објавени документи, пријави до надлежни институции итн), кои сега ги гледате јавно, а биле зборувани од моја страна, исто така јавно, НЕ СЕ ОД ВЧЕРА и НЕ СЕ ОД ДЕНЕС.
https://www.facebook.com/frosina.remenski/posts/3185609188136980
Како совесен граѓанин, професор и пратеник тие се на увид и натамошно постапување пред надлежните институции. Тоа што до денес, за многу од нив нема институционален одговор, или пак, има супер луди „правни“ образложенија кои не гледаат и озаконуваат криминал, мене како подносител/примател на сите овие информации/документи од укажувачи не ми останува ништо друго, туку јавно да ги обелоденам, односно да направам и јавно пријавување, ако хартијата не е доволна за да се постапува ПО СИЛА НА ЗАКОН.‼️ До завршување на мојот пратенички мандат, ќе ги објавам сите случаи за кои дознав како член на Комисијата за надзор над работата на УБК и АР.
Оваа вистинита приказна, со вистински ликови ја насловив „Кираџиски приказни“, од причина што МОЖЕБИ токму кираџиските односи на актерите во приказната и нивните меѓусебни блиски/некакви релации, допираат ДО СУШТИНАТА на повеќе неодговорени прашања кои јавно ги поставував изминатиот период и кои (за жал), „не беа доволно сензационални“ да станат прашања за истражувачкото новинарство. Одговор зошто тоа е така, од оваа временска дистанца е повеќе од јасно. Но, да оставиме приказната да добие расплет.
Се почна вака:
Додека „завршуваше“ парламентарниот надзор за статусот на Сиљан Аврамовски во периодот пред и по, „вистинското пензионирање“ и додека се загреваше „трката“ за директор на Агенцијата за национална безбедност (поранешна УБК), од анонимен доставувач/укажувач во Собранието до мене како член на Комисијата за надзор над работата на УБК и АР, во жолто плико А4 формат и дознака „За пратеничката Фросина Ременски“ добив неколку документи со образложение.
‼️ Од природата на документите и од консултации во врска со нив, а подоцна и од слична јавна објава на социјална мрежа Фејсбук, сметам дека и ДКСК има законска надлежност да постапува по вакви и слични сознанија кои упатуваат на сомнежи за можна корупција и судир на интереси на лице кое било избрано/именувано од Владата на РСМ за вршител на должност – Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање г-нот Горан Николовски викан Џони.‼️
По извршени консултации во врска со документацијата и потврдата на нивната вистинитост, поучена од претходниот надзор во врска со друго високо позиционирано лице во УБК, одлучив до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) како надлежен орган да поднесам
Пријава за Горан Николовски – Џони, за сомневања за неисполнување на обврските од Законот за спречување на корупција и судир на интереси на избрано/именувано лице и сомневања за корупција и судир на интереси.
ДИГРЕСИЈА: Сакам да напоменам дека, во тој временски период (од дознавање, до пријава) во јавноста не беа познати јавно изнесените сознанија за улогата на Директорот на УБК Горан Николовски во случајот Рекет и не беа познати сведочењата на брачниот пар Орце и Ана Камчеви во врска со случајот Рекет.
Оваа напомена ја должам од причина што, логичните прашања што јавно ги поставив по сведочењата на Камчеви, ставени во контекст на оваа вистинита приказна за „кираџиските релации“ и нивното можно влијание во истрагите за Рекет, ја отвараат третата димензија на случајот и постапувањето на институциите.⁉️
Заради почитување на одредбите од Законот за заштита на личните податоци, делот од документацијата во која се содржани лични податоци (адреса на живеење, матичен број, број на лична карта), нема да ги објавам експлицитно, туку ќе ги интерпретирам.
Исто така, напоменувам дека, сите податоци наведени во Пријавата пред ДКСК СЕ ПОТВРДЕНИ од страна на ДКСК, за што бев информирана на работниот состанок оддржан на 04.03.2020 година во врска и со оваа пријава. Во пријавата до ДКСК сум напишала дека: „Бидејќи предметното прашање е дел од надлежноста на Комисијата за надзор врз работата на УБК и АР и правото на постапување на пратениците, како член пристапувам кон информирање/запознавање на ДКСК како надлежен орган, за следново:“‼️
Владата на РСМ на седница оддржана на 16 јуни 2017 година го избрала Горан Никловски на позицијата Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи. На 17.07.2019 година во медиумите е пренесена вест дека: „Горан Николовски, директор на УБК и неговиот заменик Ариф Асани се на листата за разрешување предложена денеска од Владата. Нивното разрешување доаѓа непосредно по основањето на Агенцијата за национална безбедност (АНБ)“. На 30.09.2019 година во медиумите е пренесена веста дека: „Владата на една од последните седници донела одлука за утврдување на престанок на функциите на повеќе лица … На Горан Николовски му е утврден престанок на функцијата директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, орган во состав на Министерството за внатрешни работи“.
Во контекст на именувањето и разрешувањата во јули и септември 2019 година, останува нејасно кога навистина се случило разрешувањето и дали во тој контекст е постапено согласно закон, односно ДКСК има законска надлежност да го утврди точниот датум на разрешувањето и заради обврските на избраните/именуваните и разрешени/службени лица на кои им престанал мандатот до ДКСК во рок од 30 дена да достават Анкетен лист за имотната состојба, изјави и сл., како и рокот за доставување на анкетен лист по завршување на функцијата⁉️
Доставувачот на документацијата укажува дека:
Директорот на УБК Горан Николовски живее во с.Бардовци под Општина Карпош на имот на кој според катастарска парцела и адреса, како сопственик се јавува извесен Антонио Апостолски, за кој подоцна е утврдено дека е познат адвокат од Скопје‼️.
Според информации од ДКСК, Горан Николовски во анкетниот лист посочената адреса ја посочил како „адреса на престојувалиште“, различна од адресата во лична карта‼️
Во анкетниот лист познат на ДКСК не е наведен основот за престојувалиште на таа адреса и на тој имот, ниту пак имотот е пријавен во анкетен лист согласно основот за недвижен имот⁉️
https://civilmedia.mk/poraneshniot-direktor-na-ubk-pred-re…/
Од Уверението за историски преглед на извршените запишувања за катастарската парцела во КО Бардовци на која се наоѓа куќата се гледа дека, од целокупниот историјат кој започнува во 2003 година, од 13.03.2015 година врз основа на Договор за продажба ОДУ.бр 565/2014 од 12.11.2014 година од Нотар Снежана Видовска, катастарската парцела со непроменета површина била запишана во ИЛ 1174 на Апостолски Антонио со право на сопственост. Од Уверението за историјатот се наведува дека, заклучно со 16.09.2019 година други промени во катастарската евиденција за катастарската парцела во КО Бардовци, односно имотот на посочената улица во с. Бардовци НЕМА ПРОМЕНИ‼️
Овој дел од „кираџиската приказна“ ќе го завршам тука, за да продолжам и со другите наводи кои беа доставени со документацијата. До тогаш, ме радува еден наслов што го објави ЦивилМедиа по појата посета во ДКСК и изјавата дадена подоцна дека, „Поранешниот директор на УБК пред Ременски пријавил во ДКСК дека живее во куќа на адвокат на Камчев“⁉️
Не знам дали е грешка, но ако не е, по ваков наслов (кој беше пренесен и од други интернет портали), очекував некој новинар да постави и други прашања во врска со ова.
Зошто беа/се важни овие прашања⁉️
„Дали постои скриено сопствеништво на имот на кој живее високо позициониран носител на функција во безбедносна служба?“⁉️ е клучно ако бараме одговор на прашањето:
https://a1on.mk/…/kamchev-ponudil-nad-3-milioni-za-da-mu-…/…
Колку е нормално, Директотр на УБК да живее на имот на адвокат на негов поранешен претпоставен (Сашо Мијалков) обвинет за повеќе кривични дела поврзани со делокругот на работа на УБК, чиишто директор до неодамна беше Горан Николовски ⁉️ или пак, на прашањето,
https://a1on.mk/…/advokatot-na-mijalkov-nedozvolivo-e-stra…/
„Колку оваа „кираџиска приказна“ влијаела „врз текот на операцијата Рекет“ и пријавите на брачниот пар Орце и Ана Камчеви до директорот на УБК?!“⁉️
https://lider.com.mk/…/kamchev-kaj-direktorot-na-ubk-prvo-…/
На потег е ДКСК која повеќе од 7 месеци работи на случајот. ДКСК како надлежен орган, во соработка со други државни органи имаат обврска да извршат проверка на фактите и да утврдат дали постои сомневање за корупција и судир на интереси, преку скриено сопствеништво на имот како и аспектот на етичките норми при вршење на функцијата директор.
Продолжувам со второт дел од „кираџиската приказна“ утре во 18:00 часот !
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Вие што зад лажни профили до сега се заканувавте и ме предупредувате дека, „не сум знаела колку биле јаки Џони и Сиљан“, читајте и без нервоза и спинови молам. До тогаш, „радувајте им се на моќта !“