Како што кажа на денешната прес конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Спасовски и дел од раководството на партијата имале контакт со потпретседателот на партијата, Мухамед Зекири, кој е позитивен на корона вирусот.
„Премиерот Спасовски спровел тест утрово. Што и да одлучат здравствените институции, тие одлуки ќе се почитуваат и резултатот ќе биде објавен“, рече Заев.