САД ќе го прогласат левичарското движење АНТИФА за терористичка организација, соопшти вчера на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп.
АНТИФА е екстремно левичарско движење што се бори против фашизмот.
Соопштениот став на Трамп на Твитер следеше откако тој и јавниот правобранител Вилијам Бар ги обвинија антифашистите и анархистите за уличните немири по смртта на Џорџ Флојд, кој умре во Минеаполис, откако еден полицаец го притисна коленото врз неговиот врат за време на апсењето.
Други тврдат дека десничарските екстремисти, како што се поддржувачите на движењето „Бугало”, кои се надеваат дека ќе предизвикаат втора граѓанска војна во САД, се одговорни за немирите за време на протестите, пренесува Ен-Би-Си њуз.