Црна Гора повеќе од три недели нема забележено ниту еден нов случај на заболување од коронавирус. Тоа би значело дека ги исполнува критериумите утврдени од Светската здравствена организација за да се изјасни за ослободена од вирусот.Технички, таа не би била првата земја што ќе се прогласи за ослободена од коронавирус. Словенија го стори истото неодамна, но сепак подоцна пријави нови случаи.
Црна Гора, е држава со околу 600,000 жители. Првиот инфициран со ковид-19 го пријави на 17 март, со што стана последна европска земја која регистрираше случај на коронавирус. За време на пандемијата во земјата вкупно се потврдени 324 случаи и девет починати.
Последниот новозаразен случај беше идентификуван на 5 мај.Премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ на 25 мај објави дека не се регистрирани новоинфицирани случаи. Објавата дојде еден ден откако последниот пациент заразен со коронавирус закрепна.
Ако не се евидентираат нови случаи, Црна Гора планира на 2 јуни да се прогласи за ослободена од коронавирус според упатствата утврдени од Светската здравствена организација (СЗО).