Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави фотографии од возилата кои вели ги наследиле од претходниот директор и ги спореди со теренските службени возила.
Градоначалникот тврди дека планот е да се набават три теренски возила за редовно работење и дека нивната вредност е многу помала од службеното возило на поранешниот директор на депонијата.
„Во врска со “големата сензација” “аудио бомбата”, на советничка група на ДПМНЕ во Советот на Град Скопје: 1. На фотографиите (првите) се прикажани службеното возило на поранешниот директор на Дрисла, кое го наследивме како возило и за сегашниот директор. 2. На фотографиите (вторите) се прикажани теренските службени возила, наменети за редовното работење на депонијата. Ние набавуваме 3 (три) нови теренски возила за редовнито работење. 3. Вкупната вредност на трите теренски возила изнесува 2.000.000 денари или по нашки, околу една третина од вредноста на возилото на директорот кој што го набавило ДПМНЕ. Судете сами за “скандалот” и “бомбата”. Од таквиот ДПМНЕ-овски простотилук, алчност, примитивизам и евтин популизам во политиката, државата ни е на ова дереџе“- пишува Шилегов.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3266673483557227&set=pcb.3266683460222896&type=3&__tn__=HH-R&eid=ARAhf2XGsLc0Y7neM0tWJ5ERMxvXnxWquNXS5k86EWVsZBQVaidBlZBTD541qo5EqVDEXQkk7yaguInw