Синдикатот на фудбалери на Македонија, информираше дека фудбалскиот прволигаш од Чаир, Шкупи го откажал тестирањето за вирусот Ковид-19. Причина за овој нивни потег е тоа што тие не верувале во тестовите, откако во текот на вчерашниот ден шест лица од фудбалските клубови Шкендија и Ренова беа позитивни на коронавирусот.
Денеска биле тестирани од фудбалскиот клуб Вардар, а, пак, тимот на Струга Трим Лум информирале дека самите ќе направат тестирања и јавно ќе ги објават резултатите.