Американскиот демократски претседателски кандидат Џо Бајден го посети вчера Вилмингтон, едно од местата каде се одржаа протести поради убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд, и ги повика демонстрантите на мир и прекин на насилството.
Бајден го посетил квартот на Вилмингтон, каде демонстрантите одржале насилни протести и разговарал со афроамериканците кои живеат во тој дел на градот.
По посетата тој изјави дека САД „се во жал, но не смее да се дозволи ова страдање да не уништи”.
– Протест поради таква бруталност е оправдан и потребен, но не и палење и уништување на квартот, изјави Бајден.
Шефот на предизборната кампања на неговиот противкандидат Доналд Трамп на изборите на 3 ноември, истакна дека Бајден требал поостро да го осуди насилството на протестите.