Точно пред три години беше формирана Владата предводена од СДСМ на чие чело застана лидерот на партијата Зоран Заев. Тој денеска на прес-конференција реферираше за она што е направено. Заев, кој поднесе оставка поради формирање на техничката Владата пред повеќе месеци, истакна дека земјата исполни две од стратешките определби.
-Станавме 30 земја – членка на НАТО и имаме одлука за почнување преговори со ЕУ, истакна лидерот на СДСМ.
Нашата земја, според него, е најпозитивниот пример во регионот.
Заев на прес-конференцијата потенцираше дека Владата предводоена од СДСМ, после режимот, ја вратила слободата и демократијата.
Зборувајќи за постигнувањата во економијата, истакна дека во овие три години отворени се над 67.000 работни места и оти најголем дел биле во приватниот сектор. Невработеноста е намалена за шест отсто.
-Владата предводена од СДСМ значително ги зголеми нето платите за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев.
Според него, Владата и здравствените власти „на нозе го дочекавме справувањето со Ковид -19″. Посочи на зголемувањето на платите на медицинските лица и здравствените работници, воведе ни се нови лекови, подигнати се условите за работа.
Заев ја критикуваше опозицијата и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрстијан Мицкоски, кого го обвини за поткопување на чекорите за влез во НАТО и за ЕУ, а сега, како што рече, се обидува тоа да го направи со справувањето со Ковид – 19. Според него, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев дозволил непочитување на мерките и оти овие денови се чуствуваат последиците од тоа. Повика на почитување на мерките за спречување на Ковид-19.