Јавното претпријатие „Билјанини извори” што стопанисува со јавните паркиралишта во Охрид од денеска започна со наплата за паркирање возила во градот согласно со ценовникот предвиден за летната сезона.
Согласно со одлуката на Советот на Општина Охрид, од денеска заклучно со 31 август цените за паркирање возила на јавните паркиралишта во градот ќе чини 40 денари за зоната А, 30 денари за зоната Б и сто денари по час во премиум-зоната во строгиот центар на градот.