Папата Франциско изјави викендов дека пандемијата на коронавирус треба да го промени животот на луѓето на подобро, отворајќи го патот за похристијанско општество.
„Кога ќе излеземе од оваа пандемија, нема да можеме да продолжиме да го правиме она што го правевме и како тоа го правевме. Не, сè ќе биде поинаку. Од големите тестови на човештвото – и меѓу нив пандемијата – луѓето излегуваат или подобри или полоши. Никогаш не излегуваат исти “, рече папата во видео-пораката за христијанскиот празник Духови, објавена на официјалната страница на Ватикан.
По преживеаната изолација, луѓето треба да бидат почувствителни на потребите на другите, рече папата, и порасположени да се справат со пандемијата на сиромаштијата.
„Сите страдања ќе бидат бескорисни ако не градиме поправедно, почесно, похристијанско општество, не само на збор туку и во реалноста, реалност која нè води кон христијанско однесување“, продолжи тој. „Ако не работиме да ставиме крај на пандемијата на сиромаштија во светот, во секоја наша земја, во градот во кој живее секој од нас, овој пат ќе биде залуден“.
Според папата Франциско, денес повеќе од кога и да е ни треба „Таткото да ни го испрати Светиот Дух“, рече папата, затоа што на светот му требаат вистински сведоци на Исус.
„Денес светот страда, ранет е. Живееме во ранет, страдален свет, особено најсиромашните, кои се отфрлени “, рече тој. „Потребно е наше сведоштво на Евангелието, Евангелието на Исус . Ние не се спасуваме. Никој не е спасен сам. Никој. Ние тоа го знаеме тоа, но оваа пандемија што ја преживеавме нè натера го доживееме на многу подраматичен начин“.
Папата смета дека пред нас стои должност да изградиме нова реалност.
„Господ ќе го стори тоа и ние можеме да соработуваме, бидејќи тој вели: Јас ги правам сите нешта нови”.