Како што е информирана јавноста, потпретседателот Мухамед Зеќири и неговото семејство се позитивни на коронавирусот, а позитивна е и Сања Лукаревска која е дел од извршниот одбор на партијата. Согласно здравствените протоколи и заради превенција, во самоизолација се лицата кои имале контакти со нив како што е потпретседателот Дамјан Манчевски, потпретседателката Мила Царовска, Марјан Забрчанец, кои ќе се тестираат овие денови.
СДСМ од почеток на пандемијата на дело покажува што е одговорно однесување, ги почитува сите протоколи, мерки и препораки за заштита на здравјето на секој поединец. Така и ќе продолжиме.
Во СДСМ состаноците и партиските активности се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средства за претходна лична дезинфекција.
Овде, во седиштето на СДСМ обезбеден е протокол и услови за лична дезинфекција, поставени се соодветни средства за оваа намена секаде, се прави редовна дезинфекција на сите простории, се почитува физичката дистанца како и насоките за носење заштитна опрема како маска или марама.
СДСМ како и досега и натаму ќе продолжи целосно да ги спроведува препораките и задолженијата од институциите во насока на заштита на јавното здравје и здравјето на секој поединец.
Знам дека денеска премиерот Спасовски правел тестирање каква и одлука да донесат здравствените власти, таа ќе биде почитувана, а резултатот од тестирањето, секако јавно ќе биде објавен.
СДСМ е голема партија со преку 120 илјади членови, активисти и подржувачи насекаде и мерките за заштита целосно се почитуваат.
Самата бројка од двајца заразени покажува дека колку и да ги почитуваме мерките, вирусот е наша реалност и тој постои. Почитувањето мора да биде максимално дури и во овие два случаи не сме почитувале до крај пред се како луѓе.
Нашиот потпретседател, Мухамед Зеќири е заразен одејќи на ифтар* кај својот брат, снаата веројатно од своето семејство, не сме почитувале доволно. * се мисли на верскиот празник Бајрам, претседателот Заев направи ненамерна грешка и спомена ифтар
Гледам дека интензитетот на она што ми е кажано од министерот Венко Филипче, синоќа разговаравме, кај Сања Лукаревска е целосно олабавено и правото на пренос не е исто како тоа што е индикативно кај Мухамед Зеќири. Ќе објаснува министерот за здравство и стручната комисија, јас не сум стручен по овие прашања, но дефинитивно она што останува како заклучок, мерките и нивно целосно почитување, носење маска или марама, целосна дезинфекција , држење дистанца е нашето секојдневие, нашата нова нормалност.
Колку побрзо на тоа се навикнеме, толку ќе бидеме поподготвени. Психолошки секој од нас да се подготви за спроведување на тие мерки а преку тоа да помогнеме овие бројки да не нè убиваат во поим сите. Тешко ни е на сите кога слушаме дека бројките се големи, не ни е се исто, тоа боли. Олеснително е тоа што навистина се асимптомски, значи ги нема симптомите и намалено е влијанието односно силата на самиот ковид вирус, но самите бројки навистина паѓаат тешко за сите и за нас од СДСМ, верувам и за опозицијата или било кој граѓанин во државата, но едно сите заедно можеме да го заклучиме , а тоа е внимание, целосно придржување на мерките почитување, штитејќи го своето здравје да го штитиме здравјето и на другите.