Да се бара избори во една ваква ситуација е чиста лудост и доказ за отсутноста на Зоран Заев од реалноста. Дека се работи за чиста лудост докази се и флаерите кои што ги делат по граѓаните, а во кој Заев и СДСМ се фали дека го победиле вирусот.
За Ковид 19 пишуваат “Првата битка ја добивме, ги заштитивме граѓаните, и ги заштитивме здравствените институции”, тоа е обичен пафлет и опасна лага на Заев во која ни тие не веруваат. Како се фалат дека ја победиле короната кога по 60 луѓе дневно се заразуваат, а по неколку умираат. Ако ова е победа, како ли изгледа пораз. Има ли срам Зоран Заев за вака дрско да лаже и да манипулира со граѓаните.
Зоран Заев и неговата Комисија за заразни болести која делува партиска, директно го туркаат народот кон организирано убиство кое што тие го викаат избори.
Згора на тоа глумат нормализација во услови кога по шеесетина граѓани дневно се заразуваат и по неколку умираат.
Зоран Заев и СДСМ се директно одговорни за ширење на Ковид 19. Тие преку нивната неспособност овозможуваат хаос во системот, но и преку предвремениот почеток на изборната кампања доведуваат во ризик илјадници граѓани.
Ова е чиста лудост која што извира од еден човек, кој ја држи целата држава во заложништво.
По итно да престанат лагите и Заев да признае дека не успеа да го аштити здравјето на граѓаните и дека системот е трул и нефункционален.
Веднаш да се повлечат лажните флаери кои не само што преставуваат кршење на законот, туку и луда лага којашто може да ја доведе во заблуда целата јавност.
Местото на овој флаер на Заев во корпа за отпадоци, и на столбот на неговите срамни лаги.