„Нема пациенти на механичка вентилација“, рече министерот Филипче. Утринава на Комисијата за заразни болести се анализирани податоците за две недели.
„Поголем дел се со лесна клиничка слика, кои можат да се лекуваат во домашни услови или еден сосема добар дел се асимптоматски случаи. Добар дел од пациентите остануваат дома и ни дава за право да кажеме дека здравствениот систем, добро ќе се справи со овој бран“, изјави Филипче.
Mинистерот се пожали на слаба соработка со граѓаните.