Англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал има намера да го задржи напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг и е во преговори со него за потпишување на нов договор. Лондонскиот клуб му нуди на 30-годишниот Габонец договор до 2023 година со плата од 12 милиони евра по сезона.
Сегашниот договор на играчот со „топџиите” истекува летото 2021 година.
Во сезоната 2019/20, Обамејанг има 20 голови и една асистенција на 32 натпревара за Арсенал.
Порталот Transfermarkt.com ја проценува цената на фудбалерот на 50,4 милиони фунти.