(Видео) Полицијата претепала ограбувач фатен во продавница за чевли на Менхетен

Се чини дека њујоршката полиција воведе политика за нулта толеранција кон ограбувачите. Во видеото се прикажани група полицајци кои користат тактики на сила против демонстрант кого го начекале при насилно влегување во продавница на Менхетен, пренесува РТ.

Њујорк е потресен од неколкудневни протести по смртта Џорџ Флојд во рацете на полицијата во Минеаполис, при што дел од демонстрациите прераснаа во немири и во грабежи. Квартот Сохо во неделата вечерта стана жртва на низа криминални активности – но сите сторители не успеаја да го избегнат законот.

https://twitter.com/Breaking911/status/1267375472628969472

Краток клип што кружи на социјалните мрежи покажува како полицаец го тепа осомничениот ограбувач кој влегол во продавница за чевли. Провалникот се обидува да стане на нозе додека си го покрива лицето пред од ударите, но неговите напори се залудни: за неколку секунди, уште двајца полицајци се придружуваат во тепањето. Еден полицаец продолжува да го удира провалникот со палка додека неговите колеги го држат и му ставаат лисици.

На тепачката сведочеле група демонстранти кои се собрале пред ограбената продавница. Некои извикуваа вулгарности и „полициска бруталност!“ додека групата полицајци стоеле над ограбувачот. Потоа толпата брзо се повлекла бидејќи пристигнала поголема група полицајци.

Другите видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат ограбувачи како влегуваат во бутици и продавници во Сохо, а потоа бегаат со украдената стока.

Њујоршката полиција се бореше да го одржи законот и редот во градот и се најде под жестоки критики за употреба на прекумерна сила против демонстрантите.

Треба да знаете
Последни објави