Вучиќ: Ќе ја престигнеме Хрватска многу побргу отколку што очекувавме

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа гостуваше на телевизијата „Пинк“, каде што го најави економското престигнување на Хрватска, најпрвоин во однос на БДП, а потоа и во однос на платите.

 

„Ќе ја престигнеме Хрватска многу побргу отколку што очекувавме“, рече Вучиќ.

Потоа тој даде и низа конкретни ветувања.

„За едн аи пол година, ќе ја надминеме Хрватска во однос на БДП, а за шест години, во однос на платите. Сите други земји во регионот се веќе одамна зад нас“, рече српскиот претседател.

Според Вучиќ, без коронавирусот, Србија би имала најголем раст во Европа.

„Повеќето граѓани се задоволни од успехот на земјата, но не можеме да се навикнеме да бидеме најуспешни и мора да се жалиме за нешто. Отсекогаш сум бил против таа политика на поплаки. Извозот од ИТ-секторот ќе го надмине земјоделството за една и пол година. Ние мора да растеме и структурно да ги зајакнеме земјоделството, образованието и подготвени да влеземе во четвртата индустриска револуција“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија истакна дека во последниот квартал Србија имала економски раст од 6,1 проценти.

Треба да знаете
Последни објави