Доктор Танер Хасан од ГОБ 8 септември во отвореното студио на 24 анализа изрази загриженост зарадуи растечката бројка на новозаразени. Хасан смета дека граѓаните потфрлиле во однос на мерките за заштита и почитувањето на рестрикциите.
„Голем дел од народот не е свесен дека се работи за сриозна болест. Дел од нив не веруваат дека не постои вирусот и тоа е најзагрижувачкиот фактор. Во однос на носењето на маски, забележувам дека 90% од граѓаните не носат наски. Јас ако носам маска, ќе се заштитам 30%, ако и мојот соговорник носи маска, тоа е веќе 90% заштита.“ – вели Хасан.
Вели дека и докторите се исцрпени, зошто постојано се на работното место, па и кога не се на работа, сето време мислат на пациентите кои се борат со вирусот.
„Ангажирани сме и во услови кога не сме на работа.“„ – вели Хасан.
Во однос на тестирањата, тој вели дека секаде во светот се прават многу тестови. Кај нас граѓаните одбиваат да се тестираат, додека во светот сами одат на тестирање. Единствен начин за докажување е тестот. потенцираше дека во 2021 можно е да живееме со вирусот. Топлото време не е гаранција дека вирусот ќе го снема.