Еден демонстрант убиен за време на протестите во Лујсвил

Најмалку едно лице загина во во Лујсвил, Кентаки за време на протестите поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, откако безбедносните сили отворија огран врз демонстрантите.

Шефот на полицијата во Лујсвил,, Стив Конрад изјави дека инцидентот се случил кога биле повикани припадниците на градската полиција и националната гарда го растераат насобраниот народ пред еден маркет.

– Полицајците и војниците почнаа да го расчистуваат паркингот, а во еден момент беше пукано врз нив. И полицијата и војската возврати и еден маж почина на местото на инцидентот, истакна Конрад.

Тој додаде дека полицијата испрашува неколку лица и собира видео-снимки од инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави