Елвис Бајрам, синот на пратеникот Амди Бајрам е меѓу пријавените од скопската полиција затоа што синоќа околу 23 часот во својот дом организирале забава со огномет објави Телма.
Од скопската полиција за Телма потврдија дека по пријава на вознемирени граѓани интервенирале и за случајот е поднесена пријава за сторен прекршок за дело „неовластена употреба на пиротехнички средства“.
Од домот на Бајрам ечела и гласна музика, се слушале зурли и тапани, а на крај бил активиран и моќен огномет.
Вознемирените граѓани поради тоа го пријавиле случајот во полиција, а по нивна интервенција забавата се смирила.