Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге предупреди дека може да се случи втор, посмртоносен бран на Ковид-19 оваа есен, пренесе британски Сан.
Тој посочи дека иако бројот на заболени од вирусот се намалува, тоа не значи дека пандемијата е завршена и истакна дека земјите треба да се подготват за вториот бран со зајакнување на своите здравствни системи.
Клуге рече дека стравува дека вториот бран може да се случи во исто време со другите инфекции.
– Загрижен сум за можноста од двоен бран – во есен може да имаме уште еден бран на Ковид-19, како и епидемија на сезонски грип и сипаници, рече тој.