Саша Поповиќ и честиташе на Јелена Карлеуша за неодамна одржаниот концерт за фановите на Интернет. Таа тогаш рече дека со тој концерт ја направила „Евровизија“ во Србија, а потоа потсети дека е забранета за РТС.
Патем, малку подоцна, Марија Шерифовиќ, кога сакаше да каже нешто таа, викна:
– Победникот на „Евровизија“ ви зборува!
Карлеуша реагираше бурно на нејзините зборови. Јелена негодуваше за тоа што сепак се фали за успехот што го имаше „пред 100 години“.
Тогаш, Шерифовиќ рече дека „Евровизијата“ на Јелена и е болна точка.
– Да речеме уште еднаш дека си победник на „Евровизија“ – и рече Јелена на Марија, а на тоа таа и возврати:
– Јас победив, но ти нема да бидеш никогаш!