Русија не е вмешана во немирите во САД, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
-Секако, многу внимателно го следиме она што се случува во САД, но се што се случува таму е внатрешна работа на таа земја, рече Песков пред новинарите.
„Никогаш не сме се мешале во работите на САД и нема да се мешаме ниту сега”, додаде рускиот функционер, пренесе Тасс.