Џесика Симпсон ја врати својата вита линија без диети и програми за вежбање

Џесика Симпсон за време на бременоста имаше дури 110 килограми, но набргу  ја врати својата вита линија, а тоа го покажа на социјалната мрежа „Инстаграм“ каде што објави фотографија на која е облечена во тесна кратка маичка и шорц.

Со тој потег актерката освои бројни пофалби од фановите ширум светот.

https://www.instagram.com/p/CAstLVJjEDP/

Нејзиниот тренер им откри на странските медиуми дека тој и славната русокоса направиле план како да водат грижа за своето тело, но и за здравјето.

„Не направивме екстремни диети или програми за вежбање. Се согласивме дека ќе прави 12.000 чекори на ден, секој ден пред спиење. Потребни и се 7 часа спиење и најмалку 1 час на ден без технологија“, објасни тој.

Треба да знаете
Последни објави