Националната гарда е забележана на улиците на Вашингтон по деновите на насилни немири низ десетици американски градови додека американскиот претседател Доналд Трамп размислува за распоредување дополнителни трупи за да се справат со немирите, пренесува РТ.
Голем број оклопни воени возила и возила со војници вчера вечер беа видени во близина на Белата куќа во видеата објавени на социјалните мрежи нешто повеќе од еден час пред да стапи на сила новиот полициски час во градот во 19 часот.
The National Guard has arrived. This is between the Executive Office Building and the White House. pic.twitter.com/2HXXRLABYB
— Philip Crowther (@PhilipinDC) June 1, 2020
Целата Национална гарда на Вашингтон – околу 1.700 војници – беше повикана во главниот град доцна во неделата за да ѝ помогне на полицијата да се справи со толпите демонстранти кои изразија бес поради смртта на Џорџ Флојд од рацете на полицијата во Минеаполис.
Присуството на гардата на улиците се очекуваше да биде побројно во понеделникот, меѓутоа, бидејќи безбедносните сили претходните ноќи се бореа да ги контролираат непослушните толпи, во еден момент ја принудија Белата куќа да активира режим на ограничено движење.
Motorcade of National Guard vehicles and troops heading downtown on E Capitol St about two hours before the DC curfew goes into effect. Every vehicle including the bus at the end was full of armed guards. Stay safe out there. #dcprotest pic.twitter.com/JsOtjvc1nl
— Sarah Trister (@SarahTrister) June 1, 2020
Додека немирите поради полициската бруталност зафаќаат град по град – честопати преминувајќи во подметнување пожари, грабежи и судири со полицијата – американскиот претседател Доналд Трамп размислува да се повика на Законот за бунт, правен акт од 19 век што ќе му овозможи да распореди активни трупи за да ги смири хаосот и немирите, пренесува „Ен би си њуз“.
Законот последен пат беше активиран за време на немирите во 1992 година во Лос Анџелес.
Во изненадувачко обраќање до нацијата, Трамп рече дека ќе ја распореди војската за да ги запре немирите во Вашингтон и дека ќе интервенира о на други места ако локалните власти не успеат да го вратат редот по деновите немири. Според сите индикации, тој допрва треба да се повика на Законот за бунт.
Активни војници и воена полиција веќе се преместени во област надвор од Вашингтон и се ставени под засилен статус на подготвеност, но сè уште не се распоредени, објави Ројтерс, повикувајќи се на висок официјален претставник на одбраната.
Large number of military humvees stationed in front of DC Armory right now. Police Chief says he expects larger National Guard deployment across the District tonight after Mayor Bowser called Secretary of the Army to discuss last nights operations. @Fox5DC pic.twitter.com/YoHSwY9pRN
— Tom Fitzgerald (@FitzFox5DC) June 1, 2020
Трамп е фрустриран од државните гувернери затоа што не зазедоа поагресивен пристап, тврдејќи дека тие мораа да доминираат на немирите, и додавајќи: „Мора да уапсиш луѓе, мора да следиш луѓе, мора да ги ставиш во затвор 10 години и никогаш повеќе нема да видите вакви работи. “
Од понеделникот, над 17.000 војници на Националната гарда се распоредени во најмалку 23 држави и во Вашингтон за да управуваат со превирањата.