Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски е негативен на Ковид-19. Смилевски на својот Фејсбук-профил го објави исходот од корона тестот.
,,Почитувани граѓани, драги пријатели!
Само што ги добив резултатите од моите тестови на Ковид -19 !
Сакам да Ве информирам дека двата теста кои ми беа направени преку брис и преку крв се негативни и не чувствувам никакви симптоми.
Додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите од институтот за јавно здравје, останувам во самоизолација и ќе ги почитувам препорачаниот рок за самоизалоција.
Единствено што барам од Вас е да ги почитувате мерките и препораките, со што сите ќе дадеме безрезервен придонес во справување со овој опасен вирус.
Пред Нас стојат убави времиња, но прво треба сите заедно да истраеме во оваа заедничка борба.
Од се срце на сите Ви посакувам добро здравје.”- напиша Смилевски.